Дибиров: Бевме посреќни на крајот, но не ни беше лесно!

handball.motorsich.com

Вардар мораше добро да се испоти за да дојде до нови важни бода кои повторно го одведоа европскиот шампион на врвот во групата „Ц“.

Левото крило на „црвено-црните“, Тимур Дибиров беше прв стрелец во победата со девет голови.

– Комплименти до Мотор Запорожје, нивниот тренер и играчите не треба да бидат загрижени. Имаа тежок распоред во првите три кола, но не знаете кога ќе ја најдете вистинската форма, дали сега или на крајот. Како и да е, им посакувам многу среќа, мислам дека ќе остварат уште многу победи. Ние бевме посреќни на денешниот дуел, но не велам дека дека мечот беше лесен – рече Дибиров после мечот.

Во меч од третото коло од Лигата на шампионите Вардар триумфално се враќа од Украина. „Црвено-црните“ со 30:31 го победија Мотор Запорожје и ја остварија третата победа по ред во рамките од групата „Ц“.

Денеска се одигра и последниот меч од третото коло, Монпелје на домашен терен го совлада ланскиот финалист Веспрем на нашиот Дејан Манасков (0/2) со 23:18.

– Беше тешко, на крајот ја имавме среќата. Да, имавме негатива после првото полувреме, но во вториот дел успеавме да се вратиме. Моите играчи докажаа дека се одлични во одбранат 5-1. Честитки до моите момци, одиграа на еден достоинствен начин. На крајот ја заслуживме победата – вели тренерот на Вардар, Давид Писонеро.

На табелата во групата „Ц“ води Вардар со шест бодови, пред Кил кој има пет, по четири Монпелје и Порто. Три има Келце, изненадувачки Веспрем има само два, без бодови Мешков Брест и Мотор Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот