Ди Марија суспендиран на четири натпревари!

Анхел Ди Марија запиша 111 асистенции во дресот на ПСЖ/EPA-EFE/David Ramos / POOL

Играчот за врска во нападот на ПСЖ, Анхел Ди Марија е казнет со четири натпревари суспензија во „Лига 1“ поради плукање кон фудбалерот на Олимпик од Марсеј, Алваро Гонзалез.

Аргентинецот беше во групата луѓе кои учествуваа во тепачката меѓу фудбалерите која резултираше со пет црвени картони. После прегледувањето на снимката утврдено е дека Ди Марија плукаше кон противничкиот играч.

Членот на париските „светци“ веднаш се најде на удар поради плукањето, но и поради тоа што претходно се опорави од ковид-19.

Што се однесува до Гонзалес, заедно со Нејмар до крајот на септември би требало да ги дознаат казните од француската фудбалска федерација.

Двајцата поради расизам би можеле да отсуствуваат дури и до крајот на годината. Бразилецот веќе е казнет со две натпревари и уште еден условно поради учество во тепачка, а казнети се и Паредес и Курзава од ПСЖ, и Амави и Бенедето од редовите на Олимпик Марсеј.

Воинствено француско дерби: Тепачка, пет црвени картони, расизам и триумф на Марсеј (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот