Ди Марцио: Рибери ги договори условите за трансфер! – Слободен печат
СпортФудбал

Ди Марцио: Рибери ги договори условите за трансфер!

Францускиот фудбалер Франк Рибери на крајот од минатата сезона го напушти Баерн Минхен откако му истече договорот.

Рибери во дресот на Баерн ги помина најдобрите денови од својата кариера и ги освојуваше сите можни услови.

После 12 години верност Французинот одлучи да не ја продолжи соработката со баварскиот гигант и ова лето е слободен агент.

Иако сезоната во поголемиот дел од шампионатите е веќе започната, овој 36-годишниот фудбалер сеуште нема ангажман.

Италијанските медиуми, поточно новинарот Џанлука Ди Марцио чии информации се скоро веродостојни, објави дека в среда Рибери ќе оди на лекарски прегледи во Фиренца и потоа потпише договор на три години со Фиорентина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close