Џумхур разочаран: Не можам да играм на „Ролан Гарос“ поради тренерот!

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Тенисерот од Босна и Херцеговина, не може да учествува на грен слем турнирот, бидејќи неговиот тренер Петар Поповиќ е позитивен на коронавирус.

Дамир Џумхур нема да биде дел од „Ролан Гарос“ годинава, тој оваа информација ја објави на својот Инстаграм профил.

– Кратка информација за сите. За жал, мојот тренер Петар Поповиќ е тестиран позитивно ова утро. Поради тоа не можам да играм на „Ролан Гарос“ и немам можност да се натпреварувам – напиша Џумхур.

Фото: принтскрин/инстаграм/damirdzumhur

Босанецот воедно додава дека тренерот не доби можност да направи втор тест.

Тој не доби шанса да направи втор тест и сигурни сме дека беше лажно позитивен поради тоа што мојот тренер има антитела. Разочаран сум, но не можам да ја променам одлуката и морам да гледам напред. Утре со повеќе информации – стои во објавата на босанскиот тенисер.

Потсетување дека грен слем турнирот „Ролан Гарос“ ќе се игра во периодот од 21 септември до 11 октомври 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот