Џон Јовановиќ: Почнува нова ера во односите меѓу Србија и САД

Директорот на новоотворената канцеларија во Белград на Финансиската корпорација за меѓународен развој (ДФЦ), Џон Јовановиќ вечерва изјави дека успехот ќе го мери по бројот на отворени работни места, најпрво во Србија, потоа на Косово и во останатите делови на Западен Балкан.

Јовановиќ, кој е Американец со српско потекло, за РТС изјави дека почнува нова ера во односите меѓу Србија и САД на ден по свеченото отворање на канцеларијата на американската корпорација во Белград на кое присуствуваа и премиерката Ана Брнабиќ и извршниот директот на ДФЦ, Адам Булер.

– Колегите од шест американски агенции кои беа во делегацијата од Вашингтон се воодушевени од првата посета на Белград, како и од приликите и потенцијалот на регионот во економската и општествена смисла. И јас го делам нивното мислење, порача Јовановиќ.

Пред присутните наведе дека потеклото и познавањето на српскиот јазик ќе бидат од големо значење за реализација на проектите во регионот.

– Народите во овој регион делат заеднички вредности и ние би сакале тие вредности да ги градиме низ бизнис, но и општествени проекти, пред сè женското претприемништво, истакна Јовановиќ.

Делегација на владата на САД пристигна во Белград поради спроведување на договорот од Вашингтон, насловен како „Нормализација на економските односи“, што во две верзии го потпишпаа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Авдула Хоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот