„Џокер“ не се исплаши од „Бетмен“, провокациите на центрите на Лејкерс не поминуваат кај Јокиќ
Никола Јокиќ чиј прекар во НБА лигата е „Џокер“ заедно со Џамал Мареј беа најзаслужни за победата на Денвер во третиот натпревар во финалето на Западната конференција.
Јокиќ натпреварот го заврши со 22 поени, 10 скокови и пет асистенции и во целост ги надигра и надмудри центрите на Лос Анџелес лејкерс.
На Лејкерси не им помогнаа ниту провокациите на Двајт Хауард кој ја користеше секоја можност за да го испрозива Јокиќ и да му „влезе под кожата“, а по двете победи на стартот, тие беа пожестоки.
Dwight is really trying to get in Jokic’s head. ? pic.twitter.com/2UldtBJa2z
— Hoop Central (@TheHoopCentral) September 23, 2020
За време на вториот натпревар Хауард го нарекуваше Јокиќ „лесен ручек“ мислејќи дека тој, и останатите центри на Лејкерс, Ентони Дејвис и Џамал Мекги, без проблем ќе го запрат центарот на Денвер.
„За вечера бифтек, предјадење, филе мињон и компири, чашка шампањ“, викаа Мекги и Хауард за време на вториот натпревар.
По поените на Дејвис во последната секунда со кои Лејкерс дојде до победа, Хауард се сврте кон клупата на Денвер и им викаше, „марш. одете дома“.
Во третиот натпревар кој му припадна на Денвер, Хауард најде нов начин за провокација.
„Џокеру, Бетмен доаѓа по тебе“, му викаше Хауард на Јокиќ уште во првата четртина.
На крајот од третиот натпревар се радуваше Јокиќ, а на центрите на Лејкерс им уфрли 22 поени.