Џереми Хант: Тереза Меј ќе биде премиерка и во јуни кога ќе дојде Трамп

Тереза Меј ќе биде британска премиерка и кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе дојде во официјална посета на Британија во почетокот на јуни, изјави министерот за надворешни работи Џереми Хант.

– Тереза Меј ќе биде премиерката која ќе го пречека Трамп и тоа со право – рече Хант, одговарајќи на новинарско прашање кој ќе биде премиер кога ќе дојде американскиот претседател во посета.

Британските медиуми јавуваат дека Меј е под голем притисок да го прецизира датумот кога ќе поднесе оставка поради тоа што нејзиниот договор со Брегзит не наиде на поддршка во британскиот Парламент.

Весникот Тајмс, цитирајќи извори од Владата, денеска објави дека премиерката Меј утре ќе поднесе оставка поради тоа што не е прифатена нејзината позиција за тоа како да се реализира напуштањето на Европската унија.

Според весникот, таа може да поднесе оставка по состанокот закажан за петок со Греам Брејди, претседател на „Комитетот од 1922“, во кој се пратениците на Конзервативната партија и кој одлучува за прашањата за избор или смена на лидерот на партијата.

Според Би-би-си и Дејли телеграф, многу поддржувачи на премиерката одбија да ја поддржат, откако таа им вети на пратениците дека ќе можат да гласаат за одржување втор референдум за Брегзит, ако го поддржат договорот со ЕУ.

Според извори на Би-Би-Си во Владата, тоа предизвикало вистински шок кај некои министри и на состанокот на кабинетот за проблемот со Брегзит, таквата можност не била одобрена.

Хант денеска ќе се сретне со Меј, но не прецизира со кој повод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот