Девет години без Долорес Ламбаша: Хрватската актерка загина на истото место каде и Тоше Проески

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пред точно девет години во тешка сообраќајна несреќа загина хрватската актерка Долорес Ламбаша, на истата делница од патот каде што шест години претходно загина и македонскиот пејач Тоше Проески.

Ламбаша на 23 октомври 2013 година се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа. Автомобилот го управувал нејзиниот колега Стојан Матавуљ, а несреќата се случила околу 6:45 часот. На автопатот А3 Матавуљ, кој управувал со Нисан, удрил во задниот дел на VW Polo.

Од силината на ударот Долорес Ламбаша испаднала од автомобилот и со тешки повреди била пренесена во болница. Таму лекарите се бореле за животот на убавата актерка, но, за жал, не успеале да ја спасат. Долорес починала околу 14 часот. Имала 32 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Net.hr (@net.hr_)


Матавуљ, кој го управувал возилото во моментот на несреќата, во февруари 2015 година е осуден на девет месеци затвор со две години условен период, а во второстепената постапка таа казна е преиначена во една година затвор. До несреќата дошло поради замор, несоодветна брзина и алкохол.

За издржување на казната се пријавил во октомври 2016 година, а по осум месеци бил пуштен од затвор поради примерно однесување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Štajduhar (@photobystajdi)


Долорес Ламбаша е родена во Шибеник на 29 март 1981 година. Во доцните 2000-ти, црнокосата убавица од Шибеник беше најпознатото лице на хрватските насловни страници. Освојуваше со убавината и харизмата, а нејзиниот приватен живот ја интригираше јавноста.

Многу гледачи ја паметат актерката по улогите во сериите како „Добри намери“, „Роза на ветровите“, „Најдобрите години“, „Одмори се, заслужи“, „Засекогш соседи“, „Законот на љубовта“…

Глумеше во неколку филмови, а се прослави со улогите во серии и сапуници како „Одмори се, заслужи“, „Засекогш соседи“, „Закон на љубовта“, „Најдобрите години“...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RTL Show (@rtl.show)


За нејзиниот живот е снимен документарен филм наречен „Насловница“. Тој настанал во текот на две години во Сплит, а бележи низа моменти од животот на трагично починатата актерка.

„Не сум реализирана во ниедна смисла; ниту како жена, ниту како актерка, ниту како личност. Не сум до крај поставена. Има уште толку многу што би сакала да направам, да видам… Тоа е еден процес, јас не можам на 31 година да бидам финализирана до крајот. Иако имав шанси да направам многу повеќе, но ниту јас често не знам што да правам со шансите“, рекла Долорес во филмот.

Осум години без Долорес Ламбаша: Хрватската актерка почина на истото место каде што почина и Тоше Проески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот