Осум години без Долорес Ламбаша: Хрватската актерка почина на истото место каде што почина и Тоше Проески

Хрватската актерка Долорес Ламбаша почина на 23 октомври 2013 година од повредите здобиени во тешката сообраќајна несреќа кај Славонски Брод, на истата делница од патот каде што шест години претходно загина и Тоше Проески.

Делот на автопатот на кој загина и нашиот пејач е еден од најопасните.

Таму се случуваат необјаснети сообраќајни несреќи, а официјалната полициска статистика брои повеќе од 2.000 несреќи што се случиле таму во последните 10-тина години.

Долорес кобната вечер се враќала од Белград во Загреб. Нејзиниот првичен план бил да преноќи со колегата Стојан Матавуљ во хотел во Илок, но во последен момент решиле да продолжат да возат.

Нејзиниот постар колега Матавуљ бил зад воланот тој кобен ден, а Долорес во моментот на смртта имала само 32 години. Во своето последното интервју рекла дека единствена желба ѝ е да биде жива и здрава, пишува „24сата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TabloidRTLhr (@tabloid.hr)

Мајката на актерката, Алма Петровиќ, минатата година воочи годишнината од смртта немала сила да зборува за Долорес.

„Ништо мене не ми е полесно“, кратко рекла, а пред неколку години изјавила дека со текот на времето ѝ е сè потешко.

„Често одам на гробишта, што да правам… Но, тоа не ми прави полесно да ми е. Ако не одам, ужас, ако одам исто. Кога ќе ја видам на телевизија мислам дека е тука, дека е жива. Шок е кога ќе го вклучам телевизорот и ќе ја видам или кога ќе ми јават дека е на телевизија. Што ми вреди тоа кога моето дете го нема. Секој 23-ти ми е одвратен, но не само на тој ден, туку секој ден. Нејзе ја уби еднаш, мене секој ден ме убива. Тоа ми беше единствено дете, живеев за неа. Грозно се чувствувам“, изјавила своевремено мајката на актерката.

Долорес е родена во 1981 година, завршила гимназија и музичко училиште. Одела на часови по соло пеење, гитара, историја на музика и диригирање.

Глумеше во неколку филмови, а се прослави со улогите во серии и сапуници како „Одмори се, заслужи“, „Засекогш соседи“, „Закон на љубовта“, „Најдобрите години“...

Последното актерско достигнување го оствари во серијата „Роза на ветрот“. На снимањето на серијата се зближила со колегата Стојан Матавуљ (59). Токму тој бил зад воланот тој кобен ден кога Долорес починала, а поради тоа Матавуљ осум месеци поминал во затвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Štajduhar (@photobystajdi)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот