Девет членки на ЕУ бараат од ЕК да одреди краен рок за забрана на возилата на нафта

Знамиња на ЕУ / Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Европската Kомисија (EK) треба да одреди краен рок за забрана на бензински и дизел автомобили на ниво на ЕУ за да го усогласи транспортниот сектор со поставените климатски цели, побараа денеска девет земји-членки.

Предводени од Данска и oд Холандија, земјите објавија писмо во кое ја повикуваат ЕК да спроведе поамбициозни политики на ЕУ во транспортот, кој е одговорен за една четвртина од штетните гасови.

Тоа мора да вклучува постепено укинување на нови бензински и дизел возила за да се постигнат нула емисии на штетни гасови, се наведува во изјавата.

– Треба да ја забрзаме зелената транзиција на копнениот транспорт, додека пратениците испраќаат јасни сигнали до производителите на автомобили и потрошувачите ширум ЕУ, изјави данскиот министер за клима Дан Јоргенсен.

Писмото го потпишаа и Австрија, Белгија, Грција, Ирска, Литванија, Луксембург и Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот