Дете со тумор не смеело да излегува од дома, а потоа соседите нашле начин како да го ЗАБАВУВААТ (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Квин Вотерс, тригодишното дете кое се бори со тумор на мозокот, летото го поминало во изолација во својата куќа, но неговите соседи пронашле начин тоа никогаш да не почувствува осаменост или досада.

Дете запознало познати спортисти, гледало концерт на Дропкик Марфис, го забавувале жонглери, супер херои и ирски танчери, а се тоа се случило во дворот пред неговата куќа.

Фото: Профимедиа

Квин во февруари, ден по неговиот трети роденден, добил тешка дијагноза. Докторите во неговиот мозок откриле тумор и успеале со операција да отстранат околу 95 отсто. Детето потоа поминало бројни хемотерапии и пресадување на матични клетки.

Како последица на лекувањето, неговиот природен имунитет бил ослабен. Заради тоа, детето морало да помине 90 дена во изолација, по што во јуни било пуштено на домашно лекување.

Соседите и фамилијарните пријатели смислувале начини како да го развеселат и да му ја вратат насмевката на лицето, па дошле до идејата да го посетуваат пред куќата и да разговараат со него преку прозорот.

Со тек на време, луѓето станува покреативни, па дворот бил претворен во вистинска сцена на која се одвивале танчарски настапи, концерти и претстави.

Фото: Профимедиа

Келтскиот панк бенд Дропкик Марфис кои биле на турнеја во Масачусетс одржале приватен концерт за Квин, а пред неговата куќа го посетиле и рагби ѕвездите Том Брејди, Стивен Гилмор и Чарли Коли.

– Веројатно запозна повеќе луѓе во последните три месеци од повеќе тригодишни деца за време на целиот живот. Тој е дете кое навистина многу сака да збори, во состојба е цел ден да седи пред прозорот и да разговара со луѓе – рекол таткото на детето, Џерлат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот