Детали за сообраќајката кај Валандовско брдо во која се повредени 11 лица, меѓу нив и 3 деца

Сообраќајка/Илустративно фото: МИА

Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионалниот пат Р-1401, на место викано „Валандовско брдо” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд мондео” со струмички регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од с.Свидовица, струмичко, без возачка дозвола и патничко возило „фиат добло” со струмички регистарски ознаки, управувано од С.П.(32) од с.Муртино, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.П. и сопатниците во возилото „форд”, малолетник од Штип, З.И.(26) од с.Свидовица и двајца малолетници од истото село, констатирани во Медицински центар Струмица.

Со телесни повреди, констатирани, исто така, во Медицински центар Струмица, се здобиле возачот И.И. и пет сопатници во двете возила. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот