Десет граѓани се јавија кај Обвинителот за да му дадат сознанија за Онкологија

Клиника за Онкологија / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Десетина граѓани телефонски го контактирале надлежниот јавен обвинител со сознанија за да ја помогнат постапката околу Клиниката за онкологија, информираше јавното обвинителство. Претходно обвинителството ги охрабри сите граѓани кои имаат сонанија за овој предмет да ги пријават на надлежните органи. Обвинителството информира дека со предметот за Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, па затоа се обезбедуваат дополнителни чекори за максимална транспарентност и отчетност на постапката. Тројца онколошки пациенти ќе имаат директен увид во сите докази и преземени дејствија и ќе мора тие сознанија да ги држат во тајност.

Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање, информираат од ЈО.

Јавното обвинителство ги презема сите дејствија за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот