Дерковски: 38.000 лични карти чекаат да бидат подигнати од шалтерите на МВР

Разни се толкувањата за тоа каква кампања не очекува, какви коалиции се правата , за тоа кој ќе ја освои довербата на граѓаните. Подготвена ли е Македонија за фер и демократски избори кои од друга страна значат и тест пред меѓународната заедниц, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ гостуваше претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

-Сите политички фактори во државата се изјаснуваат декаа треба да направиме исчекор напред односно да се организираат фер и демократски избори. Се надевам дека го мислат тоа што го зборуваат а ДИК е тука да ги спроведе тие избори. Овој изборен процес има повеќе учесници кои треба да дадат свој придонес оваа трка да биде „европска“. Се надевам дека на 12 април ќе констатираме дека сме ја завршиле добро нашата работа- рече Дерковски.

ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК СЕКОГАШ ТОП ТЕМА ПРЕД И ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ

После завршувањето на вкрстените проверки, користејќи ги базите на податоци на повеќе институции во нашата држава се констатира одредена состојба во изборачкиот список – се увиде дека кај 39.000 граѓани има потреба од дополнителна проверка на податоците. Тоа се направи и беше констатирано дека тие податоци се во ред и најголем дел од тие граѓани (32.000-33.000) се вратија во избирачкиот список, вели Дерковски.

-Се покажа дека повеќе беше политичка перцепција проблемот кој што се наметна во јавноста отколку што реално има. Треба да се сфати дека во Избирачкиот список секогаш ќе има одредени проблеми затоа што тоа е менлива категорија, која на секојдневна основа се менува. Секој ден имате починати лица, полнолетни лица, промени на адреси… Јас ја користам оваа прилика сите оние кои поднеле барање и се изготвила личната карта да одат и да си ја подигнат доколку сакаат да гласаат. Имаме 38.000 неподигнати лични карти- вели Дерковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот