3 C
Скопје

Денеска се празнува светецот кој беше прочуен по милосрдието и благочестивоста

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 ноември.

Денеска е Свети Јован МилостивПатријарх Александриски.

Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но, по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му.

Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабошците и од еретиците. Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. „Ако сакаш благородство“, велеше, „не барај го во крвта туку во добродетелта, зашто тоа е вистинското благородство“.

Сите свети се одликуваа со милосрдие, но свети Јован ѝ беше предаден на оваа света добродетел. Еднаш, служејќи Литургија се сети патријархот на Христовите зборови: „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“ (Матеј 5, 23, 24) и се сети дека еден од клириците е зловолен кон него; тој брзо ги остави Светите Дарови, му пријде на тој клирик, му падна пред нозете и го замоли за прошка.

Прочитајте и...  Кривична против екс-градоначалник на Прилеп за злоупотреба на службена положба и овластување

И, дури кога се измири со човекот се врати пред жртвеникот. Еднаш, пак, одејќи кон црквата на светите Кир и Јован, се случи да го сретне една бедна вдовица и почна да му говори за својата беда. Придружниците на патријархот почувствуваа здодевност од долготрајната поплака на жената, па му рекоа на владиката да побрза в црква на служба, а жената би можел да ја слуша и после службата.

Свети Јован им одговори: „А како ќе ме послуша мене Бог ако јас не ја послушам нејзе?“ И не сакаше да мрдне од местото дури не ја ислуша нејзината поплака докрај. Кога Персијците удрија на Египет, патријархот Јован седна во кораб за да се оддалечи од напаста. По пат се разболе и кога стигна на Кипар умре, завршувајќи го животот во својот роден крај, во 620 година. Неговите чудотворни мошти се пренесени најпрво во Цариград, а потоа во Будимпешта и најпосле во Пресбург.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Експлозијата го тресе Ријад само неколку дена по друг обид за напад

Поврзани вести

Надворешноста е готова, се работи во внатрешноста: Модуларната болница во Тетово за најмногу две недели со првите пациенти

Слободен печат

Војниците со навршени 45 години возраст добија шанса за нов почеток

Слободен печат

Откриен британскиот сој на коронавирус во Македонија кај 46-годишен маж кој веќе оздравел, не патувал никаде претходно

Слободен печат

Извори во Брисел со тврдење: ЕУ вечерва ќе бара одговори од „АстраЗенека” за производството и испораката на ковид вакцините

Слободен печат

Во случај на докази за закани по нејзини граѓани: В. Британија ќе го замрзне сиот руски државен имот

Слободен печат

Атанасоски за „Слободен печат“: Изборите во Бугарија не менуваат ништо

Соња Христовска Угриновска

Остави Коментар