Денеска е меѓународен ден на снешкото, еден од најпопуларните симболи на зимата

Снешко / Фото: Pexels/Jill Wellington

Меѓународниот ден на снешкото, еден од најпознатите симболи на зимата, се слави на денешен ден – 18 јануари. Идејата за овој празник е на германскиот колекционер Корнелиус Граетц, а датумот 18 јануари, не е избран случајно: единицата симболизира метла, а осумката – телото на снешко.

Нема точни информации од кога датира традицијата на правење снешковци во зимските денови. Сепак, првиот нацртан снешко бил еврејски. Боб Екштајн, кој професионално ја проучувал историјата на снешкото за својата книга, открива дека првпат се појавил во црковно-богослужбената книга „Часослов” од 1380 година. Постоела и слика, на која можело да се види еврејски снешко, кој се топи до огнот, а во пасуси на страницата се опишани Христовите маки.

Наједноставниот снешко е составен од три дела, кои претставуваат три големи снежни топки – најголемата топка служи како основа, потоа втората по големина служи како торзо, а најмалата ја претставува главата. Оние кои прават снешковци, знаат да му додадат гранки кои служат како раце, но снежниот човек може да биде и без раце. Обично, снешкото „држи“ лопата или метла. Очите на снешкото се прават од јаглен, носот од морков, а устата од мали камчиња. Бидејќи е студено, децата обично му додаваат и шал и капа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот