Денес сечење бадникови гранчиња на Водно во пресрет на Божик

Бадникови гранчиња
Бадникови гранчиња / Фото: Слободен печат, Архива

Во рамки на годинешната прослава на Бадник, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно денеска ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2022 година, со симболично сечење на бадникови гранчиња.

Прославата по 30-ти пат ја организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

– На скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик, наведуваат од Граѓанското здружение.

Неделната средба ќе се случи точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат кумовите и здравичарот – Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот – д-р Никола Пановски и д-р Миодраг Врчаковски. Најавено е и присуство на градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата. По сечењето на бнадниковите гранчиња ќе следи дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент на отворено.

Бадниковото гранче го симболизира здравјето, среќата и славењето на животот. Со него традиционално се украсуваат домовите во пресрет на Божик раѓањето Христово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот