Демонстранти на Кипар се обиделе да нападнат сириски мигранти, уаспени над 20 луѓе

Кипар знаме / Фото: Dimitrios Karvountzis / Zuma Press / Profimedia

Полицијата во Кипар уапси 21 лице и употреби солзавец и водени топови откако група кипарски Грци облечени во качулки и палки се обиделе да нападнат сириски демонстранти во село во југоисточниот дел на островот.

Полицијата денеска соопшти дека паралелните протести на околу 250 Сиријци и исто толку кипарски Грци станале насилни вчеравечер во селото Хлорака, бидејќи помал број демонстранти од двете групи почнале да палат канти за ѓубре и оградата на зградата, јави Бета.

Портпаролот на полицијата Христос Андреу денеска на државната телевизија изјави дека судирите почнале кога кипарските Грци се обиделе да нападнат мигранти од Сирија. Тој рече дека се приведени девет кипарски Грци и десет мигранти. Тие се соочуваат со обвиненија за поседување оружје и непристојно однесување.

Она што ги поттикна протестите во неделата беше полициска рација во напуштен станбен комплекс во Хлорака за да се иселат десетици мигранти кои нелегално се населиле таму.

Следниот ден мигрантите организираа сопствен протест против, како што рекоа, неправедните постапки на властите и локалното население и нанесената штета на нивниот имот.

Министерката за правда Ана Кукидес-Прокопиу и началникот на полицијата Стелиос Папатеодору се состанаа со делегација мигранти за да ги слушнат нивните поплаки во обид да ги смират тензиите.

Кипарскиот претседател Никос Христодулидес остро ги осуди инцидентите, велејќи им на новинарите дека насилството не решава ништо и води само до ново насилство.

Тој рече дека им наложил и на началникот на полицијата и на министерот за правда да разговараат со општинските власти на Хлорака и сириските мигранти со цел да се „обезбеди јавниот ред“, бидејќи „безбедноста на луѓето не може да се преговара“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот