Демократски сојуз бара Ковачевски да ја прифати оставката на Османи

За Демократски сојуз најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен и препознатлив блеф. ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата, блокада на реформите на судскиот систем, злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции,како и колапсот на државните институции, се доволни причини за повлекување од власта, смета ДС.

-ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски, ја водат надворешната политика, која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка, посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања, без при тоа да се направат пошироки консултации. За почеток, од функцијата треба да се повлече Бујар Османи, кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците, но и на другите граѓани, а ги загрози и европските перспективи на Македонија – велат од ДС.

Од партијата на Павле Трајанов сметаат дека Влада нема поддршка од граѓаните, ниту од мнозинството во Парламентот, поради што неопходни се избири ,како демократски чин за промена на власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот