Демократите во Сенатот не го прифаќаат пакетот мерки за стимулација на економијата

Демократите во Сенатот засега, од низа причини, не прифаќаат договор за пакет мерки за стимулација на економијата по епидемијата на коронавирусот во земјата.

Мич Меконел, лидер на сенатското мнозинство, настојуваше на гласање во понеделник, но демократите синоќа не дозволија со изговор дека не била постигната натпартиска согласност во однос на содржината на документот.

Тие повикаа на можно гласање в среда, но ситуацијата се усложни откако петмина сенатори, републиканци, отидоа во карантин или самоизолација. Затоа, Републиканската партија сега во Сенатот не води со 53 против 47, туку со 48 против 47 гласови, додека за донесување на пакетот потребни се две третини од гласовите (60).

Според првичните сознанија, најголема фрикција има во однос на општата сума за помош на сојузните држави, и ограничувањата околу помошта за големиот бизнис.

Републиканците синоќа се пожалија дека демократите го минираат документот со такви барање како вклучување на несуштествени мерки, кои немаат врска со коронавирусот, како стандарди за издувни гасови за авиокомпаниите, и повеќе даночни олеснувања за ветерната и соларната енергија.

-Демократите не дозволуваат да финансираме болници и да ги спасиме малите бизниси додека не ја издуваат прашината од нивниот Нов зелен курс. Ова мора да запре, земјата нема време за чекање, изјави синоќа видливо изреволтираниот Меконел.

Седницата продолжи со заемни обвинувања за задршката, додека Администрацијата и кризниот штаб за борба со коронавирсот ветуваа брзи и ефективни стимулативни мерки.

-Законот предложен од републиканците во Сенатот ги става корпорациите на прво место. Благодарејќи на упорноста на лидерот (на сенатското малцинство) Чак Шумер, и демократите, беше постигнат прогрес. Ние настојуваме Сенатот да се приближи до вредностите на законот „За одговорност кон работниците и семејствата”, изјави синоќа Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот