Делови од Тетово повторно без вода, секојдневно има неколкучасовни прекини во снабдувањето

Граѓаните на Тетово кои живеат во центарот на градот и во стариот дел, во подножјето на Шар Планина, изминативе недели секојдневно се соочуваат со повеќе часовни прекини во водоснабдувањето. Според жителите од овие места во градот прекините се во различни периоди од денот и траат по неколку часа, пишува порталот Тетово Инфо.

„Секој ден има прекини, а вчера немавме цел ден вода од 10 часот па се до вечерта некаде во 19 часот. Прекините траат и по неколку часови. Некои имааат хидрофори, па соседите одат кај нив да полнат вода“, велат жителите на месноста Певчина дел од месната заедница „Иљо Антески-Смок“.

„Минатата недела секој ден имаше прекини, некој ден од по два-три часа, а еднаш околу пет часа немаше вода. Вчера и денес немаше прекини“, велат жителите од улицата „Димо Гавроски-Кара“ во центарот на Тетово.

Од јавното комунално претријатие „Тетово“ велат дека количини вода не се проблем и оти нема рестрикции во водоснабдувањето.

„Вода за пиење има над 500 литри во секунда во водоводната мрежа, не е до недостаток. Нема ниту рестрикции во водоснабдувањето. Има реконструкции на три улици низ градот, па поради изведување на градежните работи, мора во одредени периоди да се запре водоснабдувањето, вели за Тетово Инфо Назиф Јашари од ЈКП Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот