Делови од Карпош и Гази Баба денеска без вода

Прекин на водоснабдување фото МИА

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите.

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9:40 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улицата „Коце Металец” без број во Скопје.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улицата „Коце Металец” без број. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите.

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9:40 часот ќе имаат и дел од корисниците лоцирани на улицата „Иван Аговски” 13 и дел од корисниците од улиците „Руѓер Бошковиќ” и „Даскал Камче”.

Корисниците од овие улици ќе бидат без вода поради дефект на затворач на улицата „Иван Аговски” 13. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите на екипите на ЈП „Водовод и канализација”-Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот