Делегација на ФФМ во посета на Палермо

ффм
фото: ffm.mk

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија се наоѓаат во работна посета на Палермо, градот домаќин на бараж натпреварот меѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.  Натпреварот ќе се игра на 24. март на стадионот “Ренцо Барбара” во Палермо.

Претставници од администрацијата на ФФМ, посетата на Палермо ја користат за увид на условите на стадионот, детално се запознаваат со условите на теренот и надвор од него, како и градот домаќин на еден од бараж дуелите за место на миндијалот во Катар.

Исто така, со претставници на италијанската федерација се разговара и за распределбата на билети за мечот на 24. март во согласност со правилата на УЕФА, како и за мерките кои важат за влез во Италија поради Ковид-19 ограничувањата.

Намерата на ФФМ е во најбрзо можно време да добие официјална информација за билетите за македонските навивачи.

Претставници на ФФМ во следниот период ќе бидат во официјална посета и на Порто во Португалија и градот Коња во Турција, како едни од можните домаќини на финалниот меч за пласман на Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот