Дејвис Куп: Македонија го победи Сан Марино и избори опстанок во Третата Европска зона

Фото: mtftennis.mk

Македонските тенисери денес со 2:1 го совладаа Сан Марино и така изборија опстанок во Третата Европска зона.

Победникот го одлучи триумфот во двојки на Бугариќ и Хусеновиќ кои беа подобри од Де Роси и Томаси. За еден час и 14 минути игра Бугариќ и Хусеновиќ со по 6:4 и 6:3 беа подобри од ривалите.

Победата за Македонија значеше и опстанок во Третата Европска зона. Првиот бод за Македонија го донесе Бугариќ кој беше подобар од Матија Мурачани со 7:5 и 6:4. Сан Марино не се предаде и изедначи со победата на Марко Де Роси против Обрад Марковски.

На крајот одлучуваше дуелот во двојки во кој за нашата среќа Берк Бугариќ и Амар Хусеновиќ славеа победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот