Дејан Кулушевски пред трансфер во Јувентус!? (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

есудениот“ македонски репрезентативец, човекот кој што одлучи да ги брани боите на Шведска, се наоѓа пред голем чекор во својата кариера.

Иако има само 19 години, играчот од средниот ред оваа сезона го привлече вниманиет со своите одлични перформанси во Серија А во дресот на Парма каде што настапува како позајмица од Аталанта. За 17 мечеви во најквалитната италијанска лига има четири голови и седум асистенции.

Во изминатиот период се шпекулираше дека за Дејан Кулушевски интерес покажаа премиерлигашките гиганти Манчестер јунајтед, Арсенал, Челзи и Ливерпул.

Според италијанските медиуми „Скај Спорт Италија“ и „Ла Газета дело Спорт“, италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е сега најблиску до потписот на Кулушевски.

Се очекува „Старата дама“ до Аталанта да исплати сума од 40-50 милиони евра, а играчот до јуни ќе остане на позајмица во Парма.

Договорот би траел до јуни 2024 година со Јуве и со годишна заработка од 2-3 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот