Јувентус „загриза“ за талентот од охридскиот крај!

Фото: ФФМ

Тој е роден во Стокхолм, Шведска, но неговото потекло е од охридскиот крај. Пред да се пресели во Италија, поточно во редовите на Аталанта, имаше големи успеси за Бромапојкарна во најдобрата младинска лига на Шведска.

За нашата У16 селекција имаше погодоци во победите над Србија (3:1), Сан Марино (2:0), а дури четири голови против Црна Гора (7:0).

Фото: ФФМ

Навистина одлични перформанси, тој воедно е среќен што моментно е дел од Аталанта, во изминатиот период со овој клуб стана и младински првак во Италија, беше и прогласен за најкорисен играч (МВП).

Имаше настапи и за првиот тим на Аталанта, кога сме на репрезентативно ниво, иако беше дел од нашата У16 селекција, одлучи потоа да настапува за Шведска. Нема се уште сениорски настап, но веќе има мечеви за У17, У19 и У21 репрезентацијата на Шведска.

Дознаваме дека италијанскиот шампион Јувентус покажал интерес за Кулушевски кој има договор со Аталанта до 30 јуни 2022 година.

Се шпекулира дека би можел да биде испратен на позајмица во „помал“ клуб со цел да собере уште поголемо искуство, а во трката за неговиот потпис се наоѓаат уште Торино и Лече.

Дали губиме уште еден талент од нашата земја, претходно Никола Секулов со Јувентус ја освојуваше титулата во Италија.

Беше дел од У15, У16 и У17 репрезентацијата на Македонија, но од лани започна да игра за У17 селекцијата на Италија со која дури и настапи на Европско првенство каде што стигна дури и до финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот