Дедото на Боки 13 бил прв директор на „Шутка”

Својата одбрана ќе ја дадам во два дела. Во наративен дел и со презентација. Долго размислував дали да дадам своја одбрана, бидејќи според искуството што го стекнав во овој суд, може да зборам до утре сабајле, онака како што е решено од сабајле така и ќе биде, рече на денешното судско рочиште Бојан Јовановски обвинет во аферата „Меѓународен сојуз”.

– Мојот татко кој исто така е обвинет во овој случај ништо не знаел што се случува и работи во „Меѓународен сојуз”. Мене обвинителката ме навреди. Ова обвинение за мене е девијантно алкохолизирано обвинение – рече Јовановски.

Претходно неговиот адвокат Сашо Дуковски рече дека дедото на Боки 13 бил партизан, работел во полиција и бил прв директор на истражниот затвор „Скопје“ каде тој моментално е затворен. Дуковски говорејќи за Миле Јовановски, таткото на Боки 13 кој исто така е обвинет во случајот „Меѓународен сојуз” и е обвинет за перење пари и за недозволено држење на оружје, рече дека не знае од каде испаднале три пиштоли во обвинителниот акт против Миле Јовановски.

– Обвинителката знае дека едниот е неисправен, а другиот е трофеј, сопственост на покојниот татко на Миле, кој работел во полиција – рече Дуковски.

Јовановски во предметот е првообвинет за кривичните дела перење пари и за измама, а Ременски е третообвинета за помагање во делото измама. Заменик-претседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“ – Скопје, Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, и асистентката на Боки, Христина Блажевска, пак, се обвинети за помагање во двете дела.

Неговиот татко, Миле Јовановски, се товари за помагање во перењето пари, како и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот