Дебитантски роман: „Вокабуларис“ од Александра Мачковска

Книгоиздателството „Темплум“, во рамките на едицијата „Катапулт“, го објави дебитантскиот роман „Вокабуларис“ од младата писателка Александра Мачковска, која се потпишува и како Ен Игма.

Во својот прв роман авторката ги вплетува световите на фантазијата и реалноста балансирајќи помеѓу необични автореференцијални експериментирања и динамична приказна. Една од темите во книгата „Вокабуларис“ е опасноста од неписменост, односно од изумирањето на културата. Со помош на едно авторско дело се прави напор да се зачуваат вредностите, да се подигне свеста, а „Вокабуларис“ е едно делче од „сложувалката“.

Александра Мачковска е родена и живее во Скопје. Дипломирала книжевност на катедрата за англиски јазик. Работела на преводи и статии на повеќе веб-страници од странство. „Вокабуларис“ е нејзин прв роман, оригинално напишан на англиски јазик. Таа веќе го пишува и својот втор роман „Ходник кон амнезија“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 54, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 октомври – 1 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот