Дебата за справување со дезинформациите и лажните вести во организација на УНДП

По повод Меѓународниот ден на демократијата, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска во Музејот на современа уметност во Скопје организира панел-дискусија „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик за изборниот процес“, на која ќе се дебатира за лажните вести и дезинформациите и нивното силно влијание врз демократските процеси.

-Во време кога вестите се шират побрзо од кога било претходно, објавувањето и споделувањето точни информации има исклучително важна улога за демократските процеси. Од друга страна, лажните вести и дезинформациите се шират со „брзина на светлината” преку различни медиумски канали и лесно можат да ја поткопаат довербата, да ги извртат фактите и да манипулираат со јавното мислење, наведува канцеларијата на УНДП.

УНДП соопшти дека одлучиле да го одбележат Меѓународниот ден на демократијата со панел-дискусија имајќи ја предвид, како што посочува „изложеноста на граѓаните на Северна Македонија на дезинформации, како и претстојните избори во земјата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот