Дански терорист најверојатно стои зад падот на рускиот авион во кој загинаа 224 луѓе

Руски авион Фото: Maxim Grigoryev / TASS / Profimedia

Данскиот терорист Басил Хасан би можел да стои зад падот на рускиот патнички авион „ербас А321“ над Синајскиот Полуостров во Египет во октомври 2015 година, пренесе данското радио ДР, повикувајќи се материјали и истрагата за друг терорист поврзан со осомничениот, пренесе „Блиц“.

Според извештајот на данското радио, новинарите дошле до материјали поврзани со истрагата чија централа фигура бил Австралијанецот Халид Хајат, кој е осуден поради планот да разнесе авион на линијата од Сиднеј до Абу Даби во јули 2017 година.

Хајат, кој е поврзан со Исламска држава, наводно сведочел дека неуспешниот терористички напад го испланирале неговиот брат Тарек и Басил Хасан.

– Авион есплодираше над Египет. Истите луѓе (Хајат и Хасан) стојат зад тоа – стои во извештајот на истрагата.

Документите покажуваат дека терористите планирале да искористат ист метод во двата напади, пренесе „Спутник“.

Хасан, кој е роден во 1987 година, е од данска националност и дипломирал инженерство. Според наводите на американскиот Стејт департмент, тој одиграл клучна улога во планирање на операции на териториите кои се наоѓале под контрола на ИД.

Падот на авионот во октомври 2015 година е најсмртоносна несреќа во историјата на руската и советската авијација, настан во кој загинаа 224 луѓе. Во авионот имало и 25 деца. Руските тајни служби тврдат дека се работи за терористички напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот