Данска ги лимитира јавни собири на 50 лица, а рестораните ќе бидат затворени во 22 часот

EPA-EFE

Данска бележи зголемен дневен пораст на бројот на заразени лица во последните неколку недели.

Поради новото зголемување на бројот на заразени со коронавирус, данските власти го намалија бројот на учесници на јавни собири од сто на 50, а баровите и рестораните добија наредба да затвораат порано, во 22 часот, изјави денеска данскиот премиер Мете Фредериксен.

Двете мерки стапуваат на сила од утре.

Ноќен живот во Копенхаген, Данска/ Фото: EPA-EFE/Oafur Steinar Rye Gestsson DENMARK OUT

По олеснувањето на карантинските мерки кои беа на сила од март до мај, Данска бележи зголемен дневен пораст на бројот на заразени лица во последните неколку недели.

Во последните 24 часа, во Данска се регистрирани 454 нови случаи на Ковид-19, додека, за споредба, е забележан рекорден дневен пораст од 473 случаи во април. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот