Даночен рај на Балканот: Се чека „зелено светло“ од Брисел

Од Брисел се чека „зелено светло“ за законот за Вуковар, според кој градот би имал ексклузивен третман за даночни ослеснувања.

Овие придобивки би можеле да ги користат и бизнисмените од Европа покрај хрватските, пишува „Јутарњи лист“.

Во последните пет години, Владата плати вкупно 356 милиони куни од државниот и буџетот на Вуковар, а во истиот период 461 милиони куни биле инвестирани преку проекти на ЕУ во Вуковар, а најголем дел од тие пари биле вложени во развој на инфраструктурата, според дневниот весник.

Иако (според податоците од градската администрација на Вуковар) бројот на вработени во приватни компании е зголемен за околу 20 проценти во последните пет години, поголемиот дел од интервјуираните за „Јутарњи лист“ велат дека за понатамошниот економски развој на Вуковар клучно е да доаѓаат големи приватни инвеститори, а не да се потпираат на помош на Загреб.

Во оваа смисла, се поставуваат големи надежи за усвојување на посебен закон за Вуковар, според кој градот би имал ексклузивен третман не само во Хрватска, туку и во Европа. Идејата е претприемачите кои вработуваат најмалку десет работници во Вуковар да бидат трајно ослободени од плаќање данок на доход и компаниите имаат право на поврат од 50 проценти од придонесите за пензиско и здравствено осигурување.

За да бидат можни овие ексклузивни даночни олеснувања во Вуковар, хрватската влада би требало да лобира во Брисел да не важат европските правила за грантови со мала вредност, според кои максималните грантови за претприемачи се опфатени со вкупно 200.000 евра кумулативно во текот на три години.

Поточно, Хрватска би требала од Европската комисија да добие „зелено светло“ Вуковар да има преференцијален третман и да дозволи грантови за претприемачи кои инаку се сметаат за недопуштени и за нарушување на конкуренцијата.

Неофицијално, „Јутарњи лист“ дозна од ресорното Министерство за регионален развој и фондовите на ЕУ сè уште се разговара, дека има „разбирање“, но дека конечната одлука е сè уште неизвесна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот