Дамите кои уживаат во сексот ви откриваат МАГИЧНА ФОРМУЛА за страсна ноќ

Која е формулата за совршен секс? Дали постои некој што ја знае? Најпрво, треба да ги следите своите емоции, желби и потреби, а потоа во целост да се препуштите во прегратките на вашиот партнер. Исто така погледнете ги и следниве совети од жените со страстен сексуален живот, што ќе ви помогнат да го зачините и вашиот.

Поработете на својата кондиција… како и на идеите!

Жените што владеат со сексот имаат сила да го издржат истиот – тие се флексибилни, не се уморуваат и лесно умеат да изведат различни пози. Тие исто така често размислуваат за сексот, па им паѓаат на памет различни идеи и не ги забораваат своите искуства, ниту добрите, ниту лошите.

Мастурбација? Тие велат ДА!

Дури и кога имаат добар секс, не забораваат на мастурбацијата. На тој начин ја одржуваат врската со своите потреби, подобро го запознаваат телото и учат како да се сакаат себеси. Мастурбацијата прави тие да се чувствуваат пожелно и сензуално. Притоа дознаваат и што сакаат, а што не кога станува збор за сексуалните допири.

Постојано имаат заштита со себе

Тие не ги оставаат нештата на случајноста, па секогаш носат презервативи, а во својот дом имаат лубрикант, секси играчки и секако, ментол бонбони за освежување на здивот.

Ништо не може да се случи без добра предигра

Тие не се плашат да го преземат првиот чекор, умеат да иницираат секс и никогаш не го потценуваат значењето на предиграта. Страсно се бакнуваат, таинствено набљудуваат, ненадејно допираат и секако, постојано се расположени за орален секс.

Кога ќе дојде главниот настан, на сцената стапуваат…

Безобразните зборови! Да, тоа е главната формула за секс од соништата. Малку зачинети зборови и секси потези, како и гласни воздишки – оргазмот е гарантиран! Тие исто така не одбиваат секс во долгата врска. Кога се уморни, едноставно се помалку активни, но не можат да ѝ одолеат на желбата. Спремни се за експерименти и нови нешта, а контактот со очите за време на односот им е едно од најголемите оружја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот