ДАМА СО СТИЛ: Ова се модните додатоци кои секогаш ви се потребни

Модните додатоци сами по себе не се ништо посебно, но кога се искомбинирани со облека, шминка и фризура, тие се неизоставен дел од секој добар стил.

Секоја жена со стил мора да има една голема чанта, една мала, квалитетен чадор и убав паричник.

Кога се чантите во прашање, малите се секогаш во тренд, а ефектот е уште посилен доколку се во впечатливи бои или со украсна рачка што го привлекува вниманието.

Во исто време, секоја дама треба да поседува и голема чанта, што дури и потсетува на помала патна торба. Така можете да носите се што ви е потребно, а одговара и на секојдневен и на деловен изглед.

Чанта во форма на ранец исто така го надополнува секојдневниот изглед. Изберете го обликот, материјалот и бојата кои одговараат на вашиот стил на облекување.

Дури и кога патувате, тоа треба да го правите со стил. Така, пронајдете стилска патна торба која ќе додаде елеганција на вашиот изглед.
Паричникот исто така треба да го отсликува вашиот стил, но истовремено и да е функционален. Изберете дизајн што ви се допаѓа и проверете дали има доволно прегради за банкноти, монети, но и за сите оние визит-карти, платежни картички, ваучери и клуб-картички за попусти во вашите омилени продавници.

Чадорот е секогаш потребен. Можете да имате еден помал, за во чанта, но големиот, цврст и квалитетен чадор е исто така задолжителен, за и во најдождливиот ден да се чувствувате убаво и модерно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот