Далиќ: Шпанија не е среќна што мора да игра против нас во осминафиналето

epa09280823 Croatia's head coach Zlatko Dalic (C) during his team training at Hampden Park in Glasgow, Scotland, Britain, 17 June 2021. Croatia faces Scotland in a UEFA Euro 2020 preliminary round group D match on 18 June. EPA-EFE/ROBERT PERRY

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ изјави дека ја почитува репрезентацијата на Шпанија, но и дека се надева на пласман во четвртфиналето. Токму Хрватска и Шпанија утре (18 часот) ќе играат во осминафиналето на ЕП.
– Ги почитуваме сите, посебно нашиот следен противник, но и тие знаат дека и ние сме квалитетни и не се среќни што ќе играат против нас. Ќе бидеме максимално мотивирани и на крајот ќе видиме што ќе се случи. Нашата цел е пласман во четвртфиналето – изјави Далиќ.

Селекторот на „коцкестите“ нема да може да смета на Иван Перишиќ кој имаше позитивен тест на коронавирус непосредно пред тргнувањето за Копенхаген каде ќе се игра осминафиналната пресметка.
– Тоа беше шок за нас. Тешко е, но мораме да се адаптираме на новонастанатата ситуација. Иван ќе биде нашиот најголем навивач и се надевам дека ќе ни се приклучи за седум,осум дена. Не му е лесно, тој живее за ова, но…  – додава Далиќ.
Победникот од дуелот помеѓу Хрватска и Шпанија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од средбата помеѓу Франција и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот