Дали во БИХ ќе се воведе неработна недела, затоа што недостигаат трговци?

Босанско знаме / Фото: Профимедиа

До крајот на годината, владата на Босна и Херцеговина треба да ги разгледа законските измени со кои ќе биде задолжително затворањето на продажните капацитети во недела.

Некои сметаат дека сопствениците на дуќани сакаат на овој начин да се справат со недостигот на работна сила и дека положбата на работниците нема да се подобри. Еден од оние кои не го сметаат предложеното законско решение за правилно е претставникот во Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ, Адмир Чавалиќ (СБиХ)- во интервју за Kликс.ба.

Чавалиќ рече дека заминувањето на работната сила од Босна и Херцеговина доведе до големи трговски синџири кои лобираат преку надлежното министерство за забрана на работа еден ден во неделата.

„Забраната се однесува на работа на комерцијални објекти, а не на тие активности воопшто. Тоа значи дека нема гаранција дека работникот тој ден нема да работи во магацин или да врши некоја друга работа, која не вклучува комерцијален објект- истакнува Чавалиќ.

Работниците, вели тој, со години се надеваат дека ќе дојдат во поволна преговарачка позиција и ќе се изборат за подобри работнички права и повисоки плати. Чавалиќ потсетува дека Унгарија по една година ја укина неработната недела, бидејќи товарот на работа беше префрлен на шест дена, а работниците во сабота работеа до доцна во ноќта за да можат сите да пазарат, бидејќи продавниците се затворени во недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот