Дали сте знаеле дека…: Прашокот за печиво и оцетот ја чуваат облеката како нова
Ако во детергентот за облека додате и една ќесичка прашок за печиво, облеката ќе биде бела како снег. Еве неколку трикови како вашата облека да остане нова и со интензивна боја.
Препорачано
Сол и оцет
Облеката која ја перете на 60 степени ќе биде многу помека, доколку при плакнењето во делот за омекнувач на облека додадете малку сол и оцет.
Вода и оцет
Крпите, фротирките, бањарките ќе останат подолго меки ако во текот на неколку месеци ги потопувате во топла вода во која има оцет и ги оставите така да отстојат една ноќ.
Прашок за печиво
Ако во детергентот за облека додате и една ќесичка прашок за печиво, облеката ќе биде бела како снег, а белите спортски чорапи повторно ќе го добијат стариот сјај ако при перењето ги ставите во ленена или во памучна вреќичка заедно со кора од лимун.
Сол и лимoн
Кадифениот материјач ќе блесне ако пред перењето го истриете со мека четка натопена со сол, додека свилените вратоврски ќе изгледаат како нови ако сокот од неколку компири го измешате со водата за перење.
Оцет
Оцетот помага и бојата на облеката подолго да трае. Шарената облека, особено онаа која ја перете првпат, во прашокот не заборавајте да додадете малку оцет, за да спречите пуштање на боја при сите наредни пати кога ќе ја перете.


