Дали САД го пронајдоа суперносителот на коронавирусот?

Фото: ЕПА

На крајот на февруари, кога во САД уште верувале дека оневозможиле влегување на коронавирусот во земјата, жител на Чикаго отишол на настан за да им изрази сочувство на пријателите.

Три дена подоцна бил на прослава на роденденот со својата фамилија и роднини.

Мажот, кој не бил свесен дека заболел од Ковид-19, кренал ланец на пренос на вирусот кој заразил вкупно 15 лица, а три починале, објави во средата американскиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Во американската сојузна држава Илиноис, во која Чикаго е најголем град, дури на 21 март биле воведени мерки за ограничување на движењето, како и во многу други делови на САД:

Овој случај е пример колку е пресудно до придржување на препораките за социјално дистанцирање и забраните за движење, истакнува ЦДЦ, бидејќи детално е утврдено како само едно лице заразило толку голем број на луѓе.

На почетокот на смртоносниот ланец сите изгледаат здрави

Се почнало кога примарниот заразен вечерта претходно бил излезен со двајца пријатели, при што сите јаделе од заеднички порции нарачани „за надвор“.

За време на вечерата која траела околу три часа и настанот од следниот ден кој траел околу два часа, каде имало луѓе кои од дома носеле јадења, примарниот заразен, како што и самиот кажал, изразувајќи сочуство гушнал четири лица, меѓу кои и двете со кои претходната вечер јаделе.

Во следните два до шест дена три лица развиле симптоми на Ковид-19, меѓу кои и едно кое било хоспитализирано и починало еден месец подоцна.

Другите две не завршиле во болница и се излечиле.

Заболениот, пред да почине, на одделението за интензивно лечење бил посетен од член на фамилијата кој на настанот бил во контакт со примарниот заразен.

Кај тој посетител, кој не носел заштитна маска во болницата, подоцна се развила кашлица и температура, но закрепнал.

Три дена по настанот примарниот заразен бил на роденденска прослава на која имало девет членови од неговата фамилија и за време на следните три часа бил во близок контакт со сите присутни.

Кај седум од нив во рок од три до седум дена се појавиле симптоми на Ковид-19. Две лица од нив кои завршиле во болница починале.

Две лица кои се грижеле за еден од двајцата починати исто така развиле симптоми на Ковид-19. Станува збор за член на фамилијата и професионален негувател кој немал поврзаност со фамилијата.

Еден од членовите на фамилијата на примарниот заразен најверојатно заразил уште еден роднина кој не присуствувал на роденденската прослава.

Тројца гости на роденденот кои имале симптоми биле шест дена после појавата на симптомите во црква каде веројатно заразиле еден здравствен работник кој исто така бил во неа. Тој седел блиску до нив и разговарал со нив околу 90 минути.

Спред ЦДЦ заразените имале од пет до 86 години.

„Проширените фамилијарни собири се случиле пред воведување на мерките за социјално дистанцирање и можеле да го олеснат преносот на вирусот во поширока заедница надвор од сопствениот дом“, порача ЦДЦ.

Тој случај ја покажува сликата колку вирусот е заразлив во моментот додека научниците се уште пробуваат да ги разберат начини за неговото пренесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот