Дали Мајкл Б. Џордан ќе биде новиот Супермен?
Се чини дека Мајкл Б. Џордан и неговата продуцентска компанија развиваат проект „Black Superman“ за „HBO Max“, базиран околу ликот Вал-Зод.
View this post on Instagram
Според Collider, продуцентската куќа на Џордан ангажирала неименуван сценарист кој во моментов работи на сценариото за лимитираната серија.
Засега не е објавено дали Џордан навистина ќе биде тој што ќе го облече супер-костумот. Обожавателите се воодушевени со неофицијалните вести, па веќе прашуваат зошто Џордан да не би го играл Супермен?
View this post on Instagram
Оваа вест доаѓа по објавата на почетокот на оваа година дека режисерот Џ. Џ. Абрамс и Та-Нехиси Коутс развиваат своја суперхеројска приказна која ќе ја толкува црн актер, во продукција на „Warner Bros.“.
Иако тоа ќе биде филм, а како што пишуваат странските медиуми, се очекува приказната да го следи Кларк Кент / Кал-Ел, додека проектот на Џордан ќе се фокусира на Калвин Елис / Вал-Зод.