Дали лакот за нокти е штетен за здравјето на децата?

лак за нокти деца
Фото: Pexels

Лаковите за нокти во најразлични бои често се многу интересни за децата, но таквите производи содржат некои хемикалии кои би можеле да предизвикаат штетни реакции на чувствителната детска кожа.

Зошто лакот за нокти не се препорачува за деца?

Високата содржина на некои хемиски соединенија во лаковите може да предизвика промени во ноктите како лупење на ноктите, дехидрација, алергиски контактен дерматитис, промена на природната боја поради таложење на пигменти во ноктот, иритативен дерматитис поради употреба на отстранувач на лак за нокти.

Детските нокти најдобро е да не се лакираат редовно, но евентуално повремено. Со други зборови, ограничете ја употребата на лак на детските нокти за посебни прилики.

Алергиски реакции на лакови за нокти

Некои студии неодамна објавени во списанието „Contact Dermatitis“ сугерираат дека одредени алергени во лакови за нокти може да претставуваат ризик за децата. Така, колку помалку децата се изложени на производ со алергенски потенцијал, толку подобро за нивното здравје. Од друга страна, друга студија, пак, ги опишувава конзервансите за лакови за нокти, наречени изотиазолинони, како значајни контактни алергени.

Употреба на траен лак и отстранувач на лак за нокти кај деца

Процедурите со трајни или полутрајни лакови за нокти не треба да се практикуваат кај деца бидејќи тие содржат токсични компоненти како што се акрилат и хидрохинон метил етер (мекинол). Исто така, важно е да се отстрани лакот со производи без ацетон бидејќи оваа хемикалија е многу агресивна за плочката на ноктите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот