Дали конечно е крај на сапуницата: Бејл го напушти Мадрид и замина за Лондон

Герет Бејл денеска го напушти Мадрид и замина за Лондон, со што се зголемија шпекулациите околу неговата иднина во „кралскиот“ клуб. Медиумите во Шпанија сметаат дека ова значи конечна разделба на Реал со Велшанецот.

Герет Бејл го пропушти денешниот тренинг поради заминување за Лондон, а од клубот порачаа дека тој добил дозвола од тренерот Зинедин Зидан. Според шпанските медиуми, Бејл заминал на средба во својот агент, Џонатан Барнет за да разговараат околу иднината на фудбалерот кој се очекува во зимскиот преоден рок и дефинитивно да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Велшанецот неодамна повторно се најде во фокусот на јавноста кога по настапот за репрезентацијата на Велс се врати повреден во Мадрид. Бејл и неговиот агент, Барнет, побараа од клубот да не објавува детали за повредата која ја здоби на дуелот со Хрватска и шпанските закони му дозволуваат овие информации да бидат недостапни за јавноста. Според медиумите, клубот досега објавил детали за само две повреди на Бејл од последни шест, и тие сметаат дека овој потег на фудбалерот е начин да се заштити пред евентуалниот трансфер во јануари. Откако е член на Реал Мадрид, Герет Бејл пропуштил дури 25 натпревари во септември и октомври, месеци во кои има репрезентативни активности.

Сапуницата со Герет Бејл трае од летото, со враќањето на Зидан на клупата на Реал Мадрид. Зидан никогаш не беше љубител на играта на Бејл, и првиот мандат на клупата го заврши кога беше одбиено неговото барање, Бејл да биде продаден, а Кристијано Роналдо да остане. Перез го направи спротивното, а Французинот ја напушти клупата.

Кога Перез пред половина година го замоли Зидан да се врати на клупата, тренерот инсистираше да Бејл да биде продаден. Перез се обиде да се ослободи од Бејл уште летово, но немаше ниту една сериозна понуда поради што тој остана на „Сантијаго Бернабеу“. Зидан сезонава му дава шанса на Бејл само кога е неопходно поради повредите на Иско и Марко Асенсио и се чини дека ваквиот пристап на тренерот го натера самиот играч да донесе одлука во јануари и дефинитивно да си замине од клубот. Неодамна Бејл и неговиот агент имале средба со Перез и Зидан, на која тренерот се согласил да му дава шанса на Велшанецот само за да остане во форма до јануари кога и дефинитивно ќе си замине од клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот