Дали дојде време Салах да си оди од Ливерпул

Дали Мадрид е следната станица во кариерата на Салах/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Мохамед Салах во 2017 година го направи потегот на кариерата, од Рома се пресели во Ливерпул и под палката и системот на игра на Јирген Клоп, стана еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Досега на 131 натпревар за Ливерпул, Салах постигна дури 90 голови, а со „црвените“ триумфира во Лигата на шампионите, Премиер лигата како и во УЕФА Суперкупот и ФИФА светското клупско првенство. Сезонава Салах на 35 натпревари во сите конкуренции постигна 24 гола и има уште четири асистенции, но Ливерпул поради честите повреди на фудбалерите не ги остварува очекуваните резултати.
Поранешниот нигериски репрезентативец Џеј Џеј Окоча, смета дека Салах треба да си замине од Ливерпул.
– Со Ливерпул освои се, испиша нови страници во историјата, но кругот е затворен. Ливерпул сега назадува и Салах мора да ја напушти Премиер лигата – смета Окоча.

Поранешниот фудбалер на Ајнтрахт, ПСЖ, Фенербахче, Болтон, Хил, тврди дека идеалниот тим за Мохамед Салах е во Шпанија.
Доколку постои шанса да и се приклучи на Барселона, му советувам да оди таму. Неговата енергија со Ливерпул исчезна – смета Окоча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот