Да имавме број и на Бајден ќе му се јавевме, сведочеше сестрата на Ѓорчевски
Се јавувавме секаде, баравме снимки сите секаде и не на Илон Маск, да имавме број и на Бајден ќе му се јавевме, сведочеше Оли Нешковиќ, сестра на обвинетиот Александар Ѓорчевски, обвинет за помагање во убиството на неговата ќерка, малолетната Вања.
Препорачано
Кога се случило грабнувањето полицијата ја прашувала Нешковиќ дали обвинетиот Љупчо Палевски Палчо бил во врска со нејзината снаа, Зорица Ѓорчевска.
Таа ова го изјави на прашања на Палчо.
Сестрата на Ѓорчевски во еден момент ѝ се обрати на висок тон на обвинителката кога ја праша дали знае во чија сопственост бил станот на Наум Наумовски Борче.
Судијата ја опомена и ѝ порача да одговара на прашањата и да не биде арогантна.
Според нејзе, Гоце Трајковски, синот на Кираца Трајковска, дошол во станот на Зорица кога мајката ѝ пишала порака на Кираца дека Вања ја нема.
Кираца побарала број од Александар и се договориле да дојде.
Трајковски го нашол „цитроенот“ на Панче Жежовски на снимка и ги поврзал работите, тврдеше сестрата на Александар.
Таа рече дека од почеток сите тврделе дека Вања не заминала самоволно и дека тогаш може го употребила зборот киднапирана.
Кажа дека не биле задоволни од работата во полиција.


