Д-р Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Мехмедовиќ портпарол

Д-р Александар Петличковски и Д-р Злате Мехмедовиќ / Фото: МИА

Нов претседател на Комисијата за заразни болести е професорот и директор на Институтот за имунологија доктор Александар Петличковски, потврдуваат за „Слободен печат“ извори од Комисијата.

Седницата на Комисијата за заразни болести се` уште трае. На неа покрај новиот состав на Комисијата се дискутира и модусот според кој ќе се врши скринингот на учениците во училиштата.

Досегашен претседател на Комисијата беше доктор Жарко Караџовски, директор на Институтот за јавно здравје. Се` уште не е познато од кои причини тој е сменет од позицијата и дали воопшто останува во Комисијата каде што членуваше повеќе децении.

Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје е поставен за нов портпарол на Комисијата, според потврдени информации за „Слободен печат“.

Новите кадровски промени во Комисијата за заразни болести, која е советодавно тело на министерот за здравство, ќе ги соопшти министерот Беким Сали на прес конференција попладне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот