Д-р Фаучи: Вакцината против коронавирусот би можела да биде достапна во ноември

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Водечкиот американски имунолог и „заштитно лице“ на борбата против коронавирусот, докторот Ентони Фаучи вели дека вакцината би можела да биде достапна веќе кон крајот на ноември или почетокот на декември, пренесува Недељник.рс.

„Достапноста на вакцината и почетокот на вакцинацијата најверојатно ќе почне во ноември или декември“, рече Фаучи.

Сепак, борбата со коронавирусот, според неговите зборови, ќе продолжи и после тој момент.

„И ќе трае до моментот кога ќе бидеме во можност да кажеме дека сме вакцинирале доволно луѓе. А доволно е кога ќе можеме да спречиме да избие нов бран“, рече Фаучи во разговор со доктор Хауард Баухнер, главниот уредник на „Journal of the American Medical Association”, во онлајн разговор.

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на 2021 година

Фаучи рекол дека со различните вакцини кои се развиваат, само на територијата на САД би можело потенцијално да има 700 милиони дози до април 2021 година, но достапноста на вакцините не единствен фактор во играта, пишува Си-Ен-Ен.

„Веројатно ќе има многу луѓе кои нема да сакаат веднаш да добијат вакцина и кои повеќе ќе сакаат да почекаат да видат што ќе се случи со првите 10, 20, 30, 40 или 50 милиони луѓе“, заклучил Фаучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот