Закерберг со предлог до Трамп: „Олади малку“

Ова најверојатно се однесува на фактот дека „Фејсбук“ се најде под зголемен притисок да ги модерира изјавите на Трамп на својата платформа пишува „Аксиос“.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг откако беше прозван од Доналд Трамп, критикуваше дека „изборот на зборови од страна на американскиот претседател ја довел компанијата во тешка позиција“.

Шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг индиректно во телефонски разговор му предложил на претседателот на САД, Доналд Трамп, да „олади малку“.

Како што наведува сајтот „Аксиос“, два извори кои биле запознати со содржината од разговорот меѓу Трамп и Цукерберг што се одржал во петокот, наведуваат дека Цукерберг немал посебни барања од американскиот претседател, туку изразил загриженост поради неговиот „тон и реторика“, а изразил и несогласување со неговите неодамнешни изјави.

Ова се однесува на фактот дека Фејсбук се најде под зголемен притисок да ги модерира изјавите на Трамп на нивната платформа, откако Твитер веќе го стори тоа:

Твитот на Трамп кој беше скриен од Твитер / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Твитер го сокри твитот на Трамп: Kога ќе почнат грабежите, ќе почне и пукањето

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот