Црвен крст ќе им ги „освежува“ познавањата од прва помош на возачите (ВИДЕО)

И покрај задолжителното полагање прва помош, при стекнување на право за управување со моторно возило, голем број од возачите не знаат да укажат прва помош на повредено лице.

А, податоците покажуваат дека токму првата помош игра најзначајна улога во понатамошниот тек на лекувањето на повредените во сообраќајни несреќи.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, денеска во изјава за Слободен печат, рече дека како одговор на големиот број жртви во сообраќајни несреќи во изминативе три години, Црвениот крст одлучил бесплатно да им го освежи знаењето за првата помош на возачите.

За таа цел од 15 јули до 15 септември Црвениот крст на Македонија бесплатно ќе ги обучува граѓаните за укажување прва помош, а заинтересираните можат да се пријават во регионалните канцеларии на Црвениот крст низ државата.

Црвениот крст очекува на обуките да се пријават околу 8.000 граѓани, но доколку има поголем интерес, обуките ќе добијат и продолжение следната година.

Обуките се во времетраење од 90 минути, што според Саити се доволни ако се има во предвид дека пријавените веќе имаат предзнаење, кое само како што рече, треба да го освежат.

Покрај основната цел на овие бесплатни обуки, да спасат човечки живот, истите имаат за цел и да ја кренат јавната свест за значењето на првата помош.

Покрај тоа, укажувањето на првата помош укажувањето на првата помош не е само морална, туку и законска обврска, според Устав. Во една од одредбите на Законот за безбедност во сообраќајот стои:

„ Лице кое ќе се затекне или ќе наиде на место на сообраќајна несреќа во која има повредени лица, е должно да им укаже прва помош на повредените лица во сообраќајната несреќа“.

Неукажувањето помош се санкционира со парична или затворска казна. Со законот не се санкционирани евентуалните случајни, несакани грешки при укажување на прва помош. Сепак, доколку вештините кои се бараат за одредени постапки од првата помош ги надминуваат вашите знаења, во такви случаи, морална обврска е таквите постапки да се препуштат на покфалификувано лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот