Црногорскиот митрополит Михаило ги повика верниците за Велигден да останат во своите домови

Велигденските денови треба да се минат во домовите, со семејства, покажувајќи одговорност кон себе, своите најмили, општеството и државата Црна Гора, порача митрополитот на Црногорската православна црква Михаило.

„Во овие денови на голо искушение, дожлни сме да ги почитуваме и строго да се придржуваме до наредбите на Националниот координативен тим за заразни болести. Не одзивајте се на повиците на неодговорните и злонамерни свештеници од Белградската патријаршија, кои ги повикуваат верниците на литургија за Велигден. Се изложувате себе си, сопствените семејства и сите оние кои се во контакт со вас на опасноста од зараза со коронавирус, која може да заврши со тешки последици, па дури и смрт”, се наведува во велигденското послание на владиката Михаило.

Тој воедно потсети дека во Украина од коронавирус веќе починаа неколкумина монаси и еден владика, во Србија еден владика, а заразени се повеќе свештеници, додека во Италија починале стотици, пренесува РТЦГ.

„Останете во домовите со молитва на усните за сите оние кои деновиве се грижат за нас и нашето здравје, кои се подготвени и животите да ги дадат за да не одбранат нас и нашите најмили од опасната зараза. затворени во домовите, нашите срца нека останат отворени”, порача, меѓу другото, црногорскиот митрополит. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот