Црна Гора: Потврдени 87 нови случаи со Ковид-19 во последното деноноќие

Во последните 24 часа во Црна Гора се потврдени 87 нови случаи на коронавирус, што е рекорден број на нови случаи на дневна основа, а две лица починаа.

Претходно, најголем број позитивни случаи беа откриени пред четири дена – 66, пренесува РТЦГ.

Тестирани се 709 лица. Од почетокот на јуни, во Црна Гора од Ковид-19 починале 14 лица, а оздравеле 10 пациенти.

Во моментов активни се 816 случаи, а вкупниот број на заразени надмина илјада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот