ЦРНА ГОРА: Кој ќе работи во недела казна од 1.000 до 10.000 евра, можно е и затворање

Црногорската Управа за трудова инспекција соопшти дека првата неработна недела за вработените во продавниците ќе биде 20 октомври.

Oттаму додаваат дека за тој што ќе отвори ќе биде казнет од 1.000 до 10.000 евра. Исто така е наведено дека е можно и трајно затворање на објектот, пренесуваат црногорските медиуми.

Големите маркети, но и малите, како што е пропишано во новиот закон, не може да работат во недела, како и на државни и други празници.

Исклучок ќе има само за аптеките, специјализираните продавници или киосците за продажба на леб, пекарски производи и колачи, како и за продавниците за цвеќе, сувенири, весници, за погребни услуги, бензински станици и продавниците во рамките на бензинските.

Предвидено е во недела да работат пазарите со тезги, подвижните продавници, како и објкети сместени во затворените простори на автобуските и железничките станици, аеродроми и пристаништа.

Според информациите, овој Закон ќе стапи на сила во понеделник, 14. октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот